Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гужва и застој на границата Унгарија-Србија пред празниците

/

пред 1744 дена

Сподели преку :

Жителите на балканските земји кои ја напуштаат Западна Европа и се враќаат во своите домови за божикните и новогодишните празници направија денеска огромна гужва на границата меѓу Унгарија и Србија, каде илјадници возила со часови чекаа да го поминат преминот.

Голем број луѓе од Србија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина работат и живеат во повеќе западно-европски земји а традиционално за празниците и одморите, дали во зима или на лето се враќаат во своите матични држави.

Во актуелната ситуација на масовно ширење на Омикрон сојот на корона вирусот во повеќе Европски земји, стравувањата се дека пристигнувањето на овие луѓе би можело да ги зголеми бројот на нови случаи Ковид-19 во матичните држави.

Граѓанире велат дека чекаат повеќе од четири часа.