Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Два класа во изолација поради позитивни ученици на Ковид-19 во струмичките училишта

/

пред 1849 дена

Сподели преку :

Ученици позитивни на ковид-19 има во основното и средното образование во струмичко. Епидемиолозите велат дека од почетокот на учебната година се регистрирани два кластера, по еден клас во основно и средно училиште. Позитивни случаи има и меѓу просветниот кадар.

Инаку, Струмица и регионот не се во добра епидемиолошка состојба, велат податоците на Центарот за јавно здравје. Во моментов има околу 580 активни случаи на ковид-19 а бројките постојано растат.

Од почетокот на пандемијата до сега во струмичко имало околу 5 илјади активни случаи.

Сузана Мицева