Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десет пожарникари го гаснеле пожарот во зграда во Тетово, немало хидранти, ниту ППО апарати

/

пред 1844 дена

Сподели преку :

Мирис на чад ги разбудило станарите утрово во 4 часот и 30 минути во една од зградите во комплексот „Чешел“ во Тетово. Пожарот започнал од таблата за струја во подрумските простории. Интервенирале 10 пожарникари со две возила, а но поради големиот чад кој се проширил низ сите катови, биле евакуирани лицата кои тука живееле, а имало и неподвижни граѓани. Медицинска помош побарале неколкумина, а за среќа нема жртви.

Пожарникарите велат дека во зградата немало хидранти, ниту ПП апарат, а дополнителен проблем за нив биле и паркирани автомобили, поради што им бил отежнат пристапот до опожарениот објект. Тетовци се исплашени по трагедијата која се случи во болницата и по неколкуте пожари изминатиов период, па стравуваат за својата безбедност.

За два дена ова е втор пожар во подрумски простории на зграда во Тетово. Од Пожарната апелираат до куќните совети да бидат поодговорни и да преземат поголеми безбедносни мерки за заштита од пожари, но и да не ги полнат подрумските протории со непотреби предмети, кои можат да бидат лесно запаливи.

 

Данијела Билбилоска