Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Државата ќе ја покрива разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за 1.197 денари по работник

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

Денеска на пладне пред пратениците на собраниската Комисија за труд и социјална политика ќе се најде Предлог-законот за измени и дополнувања на минималната плата.

„Со членот 4 се утврдува висината на минимална плата во бруто износ за март 2022 година заклучно со исплатата  на платата за месец февруари 2023 година да изнесува 26.422 денари и овој износ ќе биде основа за усогласување на минималната плата во месец март 2023 година“.

Во нето-износ минималната плата ќе биде 18.000 денари и таа ќе важи една година.

Од предлог-законското решение се гледа дека за спроведување на овој закон до крајот на годината ќе бидат потребни 939.645.000 денари (15.230.000 евра) од Буџетот на државата. Притоа е објаснето дека за секој работник за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата,  државата ќе дава по 1.197,00 денари.

„Со член 4-д е  предвидено за работникот за кој ќе се обезбеди финансиска помош, работодавачот истиот да не може да го отпушти најмалку 1 година по добивање на помошта, а ако го отпушти има обврска да ги врати средствата, освен во случај на смрт на работникот, остварување на право на пензија и престанок на работниот однос  по вина или воља  на работникот“, пишува во законското образложение.

Во законот е предвидена и нова методологија за усогласување на плати, според која усогласувањето ќе биде 50 отсто од минималната плата и ќе се индексира со порастот на просечно исплатената нето плата за претходната година  и 50 проценти со  порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Исто така е утврдено дека минималната плата не може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.