Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската комисија ќе предложи забрана на летови од Јужна Африка

/

пред 1772 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер сабајлево порача дека ќе предложи да се забранат летовите од југот на Африка кон Европа.

Предлогот доаѓа откако се појави нова потенцијално опасна мутација на вирусот Ковид-19 откриена во Јужна Африка.

„Европската комисија ќе предложи, во блиска координација со земјите членки, да се активира итната суспензија на авиотранспорт од јужноафриканскиот регион поради загрижувачкиот сој Б.1.1.529“, напиша утрово фон дер Лајен на Твитер.