Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Една изборна единица и отворени листи, дали големите партии се подготвени за измени на Изборниот Законик?

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Имаат само декларативна заложба но никако не можат да постигнат компромис за промена на изборните правила.

Граѓаните на локалните избори испратија пораки дека се незадоволни од политичарите и  сакаат шаренолики совети  и парламент ,вели комуникологот Бојан Кордалов.

Во 9 месечната  комуникација со големите политички партии, заклучено дека тие немаат воља за измени на Изборниот законик.

Измените на Изборниот законик ги иницираа малите парламентарни партии кои од новиот владин кабинет бараат тоа да биде програмски приоритет.

Една изборна единица, со пропорционален модел и без изборен праг, се дел од предлог измените на Изборниот законик кои се поднесени уште во март годинава а се уште не се расправа за нив.

Партиите не сакаат да бидат приврзок на големите.

Барат измените на Изборниот Законик кои се во собраниска постапка да се донесат најдоцна до 15 јануари.

Јулијана Пешевска