Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице е убиено, а 14 се ранети во престрелка во Мемфис

/

пред 1836 дена

Сподели преку :

Едно лице е убиено, а 14 се ранети во престрелка што се случи во синоќа во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската држава Тенеси. Од повредените најмалку четири лица се во тешка состојба. Напаѓачот, според полицијата, починал од повредите што си ги нанел со огнено оружје, но тоа се уште се истражува. Пукањето се случило во супермаркетот Крогер, соопшти локалната градска управа. Од полицијата велат дека ги нашле работниците на Крогер како се кријат во фрижидери и канцеларии. Веднаш по инцидентот беше затворено и блиското средно училиште.