Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ескалира корона вирусот во Штип

/

пред 2168 дена

Сподели преку :

Ескалира состојбата со коронавирусот, во штипскиот регион има 200 активни случаи, алармираше денеска вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов. Вирусот се шири меѓу вработените во детските градинки, но и меѓу студентите и пензионерите. Од денеска во изолација е испратена втора група на деца во детската градинка Сончогледи, каде што воспитувачката е позитивна на корона тестот.

Општината и средните училишта во Штип имаат и проблеми со превозот на ученици за практичната настава. Транспортерите одбиваат да ги превзуваат од соседните градови, но Миланов смета дека за проблемов ќе се најде решение. Штип и Кочани веќе се изразмнуваат со бројот на активни случаи и отаму пристигнуваат апели за почитување на мерките.

Притисокот за хоспитализирање на пациенти во штипскиот регионален ковид центар е голем, а за само пет дена во болнички услови починаа седум пациенти од Штип, Кочани, Виница и Делчево.

 

Викторија Јованова