Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши вонредната состојба во Казахстан

/

пред 1719 дена

Сподели преку :

Вонредната состојба во Казахстан, што беше воведена за време на немирите од почетокот на месецот, заврши ноќеска на полноќ по локално време (20 часот по средноевропско време).

Казахстанските власти соопштија дека во сите региони е повторно воспоставен редот и мирот, но дека антитерористичките операции продолжуваат во неколку области, пренесе Тасс.

Немирите почнаа на 5 јануари, по што претседателот Касим Јомарт Токаев прогласи вонредна состојба во целата земја до 19 јануари на полноќ и полициски час што во истиот период ќе трае од 23 до 7 часот.

По стабилизирањето на ситуацијата, властите од 12 јанаури почнаа постепено да ја укинаат вонредната состојба во одредени области од земјата.

Црвениот аларм се уште е на сила во најголемиот град Алмати, каде што продолжуваат антитерористичките операции.

Протестите почнаа на 2 јануари во мал град во западен Казахстан поради наглото зголемување на цените на горивото, но брзо се проширија низ целата земја и прераснаа во демонстрации против авторитарната влада, проследени со немири во кои загинаа повеќе од 220 лица.