Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За четири и пол месеци регистрирани речиси 65 илјади ковид позитивни – од нив 32 отсто биле целосно вакцинирани

/

пред 1751 дена

Сподели преку :

За четири и пол месеци, регистрирани се речиси 65 илјади ковид позитивни, а од нив 32% биле целосно вакцинирани. Министертството за здравство во анализата од 6 август до 16-ти декември констатира дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во назначениот период починале 2.272 лица, од кои само 21% примиле вакцина. Починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.