Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемено нивото на радијација околу Чернобил

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Зголемено ниво на радијација беше забележано околу нуклеарната централа Чернобил. Податоци од мерните станици околу нуклеарната централа покажуваат дека нивото на радијација се зголемило за 20 пати, но експертите објаснуваат дека најверојатна причина за тоа е зголемената раздвиженост на возила и луѓе во областа, ја кренале радиоактивната прашина која со децении стои на земјата.

Велат дека е загрижувачки што се водат борби околу нуклеарната централа, но нова нуклеарна катастрофа како таа во 1986 година, е исклучително малку веројатна.

Радиоактивноста е доста распадната од тогаш, а тоа што тогаш ја предизвика катастрофата беше голем пожар, изјави професорката на Универзитетот во Шефилд, Клер Коркхил.

Експертите сепак предупредуваат дека се многу позагрижени за другите функционални украински нуклеарни реактори.

Чернобил се наоѓа во голема ненаселена област. Другите украински реактори не се толку изолирани. Дополнително што горивото во тие реактори е значително порадиоактивно од горивото во Чернобил, изјави Џејмс Актон, експерт за нуклеарна политика.