Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здраво машко бебе роди бегалката од Авганистан

/

пред 1859 дена

Сподели преку :

Здраво машко бебе тешко 3 килограми и 200 грама роди Авганистанката која доцна синоќа пристигна во Македонија со авионот од Кабул. Породена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Лекарите од дежурниот тим велат дека и бебето и мајката се чувствуваат добро и го имаат истиот третман како и сите останати на клиниката. Била ковид негативна.

На останатите Авганистанци од синоќешниот лет денеска им се прават  ПЦР тестови, интернистички и педијатриски прегледи, а ќе им биде понудена и вакцинација на тие што не се вакцинирани. Се` уште нема информации дали некој од нив е ковид позитивен.

Здраво машко бебе роди бегалката од Авганистан

Од Црвениот крст, кои уште синоќа имаа првичен контакт со нив, велат дека се уморни, со голем број прашања и неизвесност за тоа, што понатаму и која ќе им биде крајната дестинација.

Подоцна ќе им биде обезбедена  и психолошка поддршка.

Жената, пак, на која и` се слоши, имала моментален колапс и сега е добра. На дел од лицата им била пружена медицинска помош веднаш по пристигнувањето, а други интервенции во текот на ноќта и денеска, немало.

Далиборка Демјанска Цветановска