Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски потврди дека е во Киев и останува со бранителите

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави снимка на социјалните мрежи, на која тој  е снимен со своите најблиски соработници, по бројните шпекулации објавени во најголем дел на руските социјални мрежи, дека побегнал и ја напуштил Украина.

„Лидерот на парламентарната фракција е тука, шефот на мојот кабинет е тука, премиерот Шмихал е тука, советникот Подољак е тука, Претседателот е тука. Сите ние сме тука. Нашите војници се тука, граѓаните се тука, сите ние сме тука. Ќе ја браниме нашата независност, нашата држава, така ќе биде и понатака. Слава на нашите бранители! Слава на нашите херои! Слава на Украина“ – изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.