Човекот кој честопати пееше на митинзите на СДСМ, сега повторно ќе застане на бина, но во друго друштво. Под логото на новата коалиција ЛДП – ДОМ, Бени Шаќири ќе се обиде да ги замени гитарата и микрофонот со градоначалничките обврски. Има своја визија за тоа како треба да изгледа Скопје, во кое најмногу му пречи нехигиената, загадувањето и гужвите. Нема намера да тргува со гласовите на своите поддржувачи, особено не за поддршка на актуелниот градоначалник, за кого демантира дека се другари. Со него разговараше Далиборка Демјанска Цветановска











