Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камионџиите од Канада втор ден на протести против задолжителната вакцинација

/

пред 1707 дена

Сподели преку :

Камионџиите втор ден по ред ја блокираат канадската престолнина на протестите против ковид ограничувањата за превозниците, кои станаа познати како „Конвој на слободата“. Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој демонстрантите ги нарече маргинално малцинство, поради безбедносни причини бил евакуиран заедно со семејството.

„Се бориме за слобода, ќе продолжиме да се бориме, Трудо! Не ни можеш ништо Трудо! Ќе победиме, ќе победиме! Ќе те поразиме Трудо! Слобода!“ – изјави еден од демонстратите.

Протестите ги започнаа превозниците, кои сакаа да го искажат своето незадоволство од мерките кои се однесуваат на нив, но во текот на викендот им се приклучија илјадници други превозници и обични граѓани и протестите станаа национални.

„Тука сум за долг рок. Не одам никаде додека не постигнеме нешто тука. –Колку ќе останете? –Подготвен сум да останам и цел месец ако треба.“ – изјави возач на камион.

Протестите започнаа откако во Канада стапија на сила новите мерки, според кои невакцинираните возачи кои влегуваат во земјата од САД ќе мораат да одат во карантин.

Канадската полиција информираше дека отвориле неколку посебни истраги за инциденти кои се случиле на протестите, меѓу кои веење нацистички знамиња.

Игор Трајков