Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Караница во Советот за безбедност на ОН за Украина, Џонсон на средба со Зеленски

/

пред 1707 дена

Сподели преку :

Жестока расправа се случи меѓу рускиот и американскиот амбасадор во ОН за време на заседавањето на Советот за безбедност, на која се расправаше за ситуацијата во Украина. Американската амбасадорка Линда гринфилд рече дека мобилизацијата на Европа е најголема досега во зиминатите децении, а нејзиниот руски колега ја обвини Америка дека создава хистерија и дека безобразно се меша во внатрешната политика на Русија.

 Во меѓувреме, засилена дипломатија и од В.Британија. Денеска премиерот Борис Џонсон ќе ја посети Украина и ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за десетиците илјади руски војници собрани во близина на украинската граница, за кои Западот стравува дека се подготвуваат да ги нападнат. Tој со Зеленски ќе разговара за стратешката поддршка што Британија може да и ја понуди на Украина.

Џонсон предупреди на катастрофа доколку Москва ја нападне Украина го стори тоа. Пред неговото заминување, ја повика Русија да се повлече и да се вклучи во дијалог со цел да се најде дипломатско решение и да се избегне понатамошно крвопролевање.