Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комбе со мигранти се преврте кај Струмица, возачот побегнал

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

Комби со 50 мигранти синоќа  околу 21 часот се преврте на магистралниот пат Струмица Валандово. Возилото марка мерцедес принтер со битолски регистарски таблици се движело во правец од Валандово кон Струмица. Мигрантите биле од Индија, Авганистан и Пакистан. 14 се повредени, а од нив четворица со тешки телесни повреди. Една жена е префрлена на клиниките во Скопје.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата а останатите мигранти се префрлени во транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. Оваа е втора сообраќајна несреќа на возила со  мигранти во Струмица. Полицијата информира дека овие месеци е особено активна мигрантската рута низ планината Беласица.

Сузана Мицева