Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

/

пред 1775 дена

Сподели преку :

Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.

Tуристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.

– Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо, изјавиле од компанијата за „24 часа“.