Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочанските оризопроизводители си ја истурија маката на патот Штип-Кочани

/

пред 1838 дена

Сподели преку :

Кочанските оризопроизводители си ја истурија маката на патот Штип-Кочани. Наместо да ја блокираат едната коловозна лента со земјоделска механизација, тие на втората лента застанаа и не дозволија три часа да поминуваат возила и камиони, ги пропуштаа само возилата на Брзата помош. Револтирани се што две години испорувачуваат исто барање, а тоа е да им се одреди производствена цена и  забарана за увоз на ориз, со цел да се заштити домашниот кочански ориз.

Засега немаат никаква комуникација со ресорното министерството и Владата.

Жетвата на оризот ќе стартува за десетина дена, а околу 40 отсто од ланската реколта им стои во амбарите. Доколку не им се исполни барањето цената на оризовата арпа да изнесува од 25 до 30 денари најавија и граѓанска непослушност.

Кочанските оризопроизводители за наредниот вторник најавуваат повторно блокада на патот Штип-Кочани во селото Облешево.

Викторија Јованова