Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КСС: Скалесто покачување на платите на администрацијата или генерален штрајк

/

пред 1670 дена

Сподели преку :

Скалесто покачување на платите на вработените во администрацијата или генерален штрајк, најави Конфередацијата на слободни синдикати (КСС) и ја обвини Владата дека по утврдувањето на минималната плата ја манипулира јавноста и административците со лажни најави за поголеми приходи  и ги игнорира синдикатите. Покачувањето на минималната плата опфаќа само 10 отсто од административците па затоа од Конфередацијата сметаат дека доколку нема скалесто покачување ова претставува пораз на синдикатите. Тие соопштија дека на 30 март пред Собранието ќе одржат предупредувачки штрајк

Од Конфедерација тврдат дека Законот за административните службеници е манипулација и затоа не поминал на Економско социјалниот совет а новиот закон за административни службеници има долга процедура бидејќи е со европско знамеце.За синдикалците  решението е во покачување на вредноста на бодот на сто денари.

Вчера пак Владата на седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници и соопшти дека целта на измените е еднаквост меѓу вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, и континуирано заголемување на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво.

Огнен Чанчаревиќ