Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон: Путин е дволичен

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон се позиционираше како посредник меѓу Русија и Украина.

„Мислам дека е моја одговорност, пред сè, да преземам такви иницијативи кога тоа ќе го побара Украина“, рече Макрон на заедничката прес-конференција во Брисел по итниот самит на Европската унија.

Макрон разговараше со рускиот претседател Владимир Путин по почетокот на руската воена акција. Тие разговараа пред самитот, но Макрон призна дека телефонскиот разговор не постигнал многу.

Макрон го обвини Путин за лицемерие, велејќи дека тој и другите европски лидери разговарале со Путин за „деталите за спроведувањето на договорот од Минск“ само неколку часа пред рускиот претседател да го изврши нападот.

„Значи, да, имаше лицемерие. Да, имаше намерен, свесен избор на претседателот Путин да започне додека сè уште преговаравме за мир“, додаде Макрон.