Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР ги демантира обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за тендерите за соларни системи

/

пред 1702 дена

Сподели преку :

МВР ги демантираше обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, отфрлајќи ги како дезинформации.

Оттаму објаснуваат дека во 2021 година, покрај исфрлањето на огревното дрво и мазутот од употреба, предвиделе и постапка за инсталација на соларни системи.

Првата што била објавена лани во септември, била поништена, бидејќи од три поднесени прифатлива била само понуда на Дон Холдинг, но била исклучена поради цени повисоки од проценетата вредност.

Три месеци подоцна, постапката била повторена. Доставени биле две понуди, избрана е онаа на Дон Холдинг, затоа што овој пат била во рамките на проценетата вредност.

Од МВР потенцираат дека и во двете спроведени постапки, критериумите биле исти.

За двете спроведени постапки немало забелешки за техничката спецификација, не била поднесена жалба за тендерската документација, ниту за одлуката за поништување на првата, односно изборот во втората постапка.

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини МВР и министерот Спасовски дека доделиле тендер за сончеви колектори на фирма блиска на власта