Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минималецот од 18.000 денари чека комисиска расправа за да биде изгласан

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Минималецот од 18.000 денари го помина првиот собраниски филтер – ќе се носи по скратена постапка, сложни се пратениците. Се чека комисиска расправа, на која опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поддржи законот, но ќе поднесат само  еден амандаман – и останатите плати во јавниот сектор да пораснат и да се усогласаат со минималната.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски очекува да биде прифатен. И порача на Владата да ги симне розовите очила и да не се фали дека тука тече мед и млеко зошто никој не верува.

Министерката за труд пред пратениците ја образложи потребата од носење на измените по брза постапка. Кажа дека зголемениот минималец е  резултат на договорот постигнат меѓу трите социјални партнери- владата, работодавачите и синдикатите.

Пратениците од власта пак не беа прецизни дали ќе го поддржат опозицискиот амандман. Кажаа дека скалестото зголемување и на останатите плати е дел од колективните договори.

Законските измени по комисиската расправа пак ќе се вратат на гласање пред пратениците. Откако ќе го изгласаат на околу 80.000 работници во земјава од март – платата што ќе ја добијат во април не смее да им биде пониска од 18.000 денари. И работодавачите ќе добијат помош, односно со 16 милиони евра од буџетот ќе се покријат трошоците од зголемувањето на  придонесите до крајот на годинава.

Александра Филиповска