Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сомнева дека на принуден одмор менаџментот на ЕСМ ќе испраќа вработени кои се политички неистомисленици, а целата постапка која ќе се спроведува вели дека е партиски реваншизам. Тој на прес-конференција што ја одржа пред РЕК Битола најави дека кога ќе дојдат на власт ќе бара одговорност за актуелното раководство на државните електрани.
-За ова што го правите ќе има одгворност. Следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност за ова што го правите во изминатите 4 години, а посебно што сега си играте со човечки судбини во очи големите христијански празници како што се Божиќ и Бадник, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рече дека во електро-енергетскиот сектор владее хаос, а поскапувањето на електричната енергија дополнително ќе ја влоши состојбата.
-Потрошија многу пари за електрична енергија, од енергетските компании највуваат стечај, најавуваат банкрот. Компаниите кои на слободен пазар набавуваат електрична енергија, плаќаат 4 пати поскапа, така што има една тотлано хаотична ситуација, рече Мицкоски
Лидерот на опозицијата уште еднаш побара предвремени парламентарни избори затоа што како што рече состојбата е катастрофална и потребно е државата да ја водат луѓе кои знаат како да ги решаваат проблемите.
Емилија Мисирлиевски











