Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски предлага Гаши да биде мандатар на техничка Влада, предвремени избори да има во јуни

/

пред 1751 дена

Сподели преку :

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика владејачките партии да се охрабрат и да излезат на избори. Со ова, според Мицкоски, ќе му се даде шанса на Гаши да се покаже во справувањето со енергетската криза, спорот со Бугарија, евроинтеграциите. На ДУИ ќе им се исполни барањето за Премиер Албанец, а Димитар Ковачевски ќе добие политички легитимитет на избори.

Предлогот го поддржува и Алијанса на Албанците.

Aлтернатива се заблагодарува за почитта која опозицискиот лидер ја изразил кон нивниот претседател. Велат дека во моментов се во процеси кои се уште се во тек и дека не сакаат да излезат со коментари. Деновиве ќе заседаваат и највисоките партиски тела каде ќе биде разгледан и овој предлог.

Јулијана Пешевска