Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Москва тврди дека повлекла дел од своите сили од Крим

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Русија денеска соопшти дека почнала да повлекува уште тенкови и други оклопни возила од областите во близина на границата со Украина, по спроведувањето воени вежби кои предизвикаа загриженост кај Западот.

– Нов воен воз кој превезува персонал и воена опрема на тенковските армиски единици на Западниот воен округ се врати во постојаните бази во Нижни Новгород по планираните вежби, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Исто така, се наведува дека 10 воени авиони биле повлечени од полуостровот Крим, анектиран од Москва.