Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над илјада нови позитивни на ковид, најмладиот починат има 30 години

/

пред 1718 дена

Сподели преку :

30-годишен велешанец е најмладата ковид жртва изминатото деноноќие, а само две години повозрасен пацинет од Битола е вториот млад загубен живот заради комликации од вирусот. Имал низа хронични болести, прекумерна тежина и не бил вакциниран. Починатиот битолчанец одбил хоспитализација и покрај тоа што бил примен со ниска сатурација. Ден подоцна бил донесен во екстремно тешка здратвена состојба, веднаш бил ставен на кислородна поддршка, но обидите за реанимација биле безуспешни. Изутрината починал. Изминатото деноноќие било кобно за уште 10 други пацинети, а во дневните статистики е впишано и лице кое починало пред пет дена. Од вкупниот број жртви во дневните статистики, петмина биле целосно вакцинирани. Позитивни на вирусот пак се 30 отсто од тестираните во овој период. Од направени 4.021-но тестирање, регистрирани се 1.172 нови случаи.