Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наместо до крајот на годинава, ЕУ очекува старт на преговорите со Северна Македонија „што поскоро“

/

пред 1754 дена

Сподели преку :

Министрите на ЕУ ги усвоија заклучоците за проширувањето, но исчезна временската рамка за деблокада на преговорите на Македонија до крајот на годината.

Советот за општи работи на Европската Унија во Брисел ги усвои заклучоците за проширувањето. Словенечкото претседателство го заокружи вчерашниот ден како успешен затоа што има заклучоци за проширувањето, но во нив не стои  формулацијата „меѓувладина конференција оваа година“ за Северна Македонија и Албанија.

На прашањето, дали Словенија е фрустрирана што не успеа да ги исполни своите амбиции и дали е тоа знак дека новата бугарска Влада не е подготвена за брзо отворање на преговорите со Македонија, словенечкиот државен секретар за надворешни работи Гашпер Довжан одговори, дека она што е важно се заклучоците на Советот, кои не се споредуваат со претходните нацрти, а вчерашниот ден го оцени како успешен.

Според  Довжан  не е невообичаено да има измени во предложениот текст  на заклучоците од претседателството, затоа што преговарачката рамка се уште не е усвоена, но во Брисел се оптимисти дека ќе може да се продолжи на воспоставениот правец што е можно побргу.