Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НАТО: Состанок на министрите за надворешни работи поради руската закана

/

пред 1768 дена

Сподели преку :

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се сретнат денеска во Рига, загрижени поради распоредувањето руски војници во близина на источната украинска граница и мигрантската криза меѓу Белорусија и Полска.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази загриженост поради невообичаено високата концентрација на руски војници во близина на Украина во изминатите неколку недели.

Столтенберг во петокот истакна дека руската агресија врз Украина ќе има последици. Тој ја предупреди Русија на „последиците“ и „цената што ќе ја плати доколку употреби агресија против Украина“ со силите подготвени за борба испратени до границите на земјата.

Карен Донфрид, помошник државен секретар на САД за европски прашања, изјави дека се разгледуваат сите опции како одговор.

Западните земји веќе воведоа санкции кон Русија поради конфликтот во Украина.