Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На Алјаска е срушен температурен рекорд од 19,4 степени

/

пред 1740 дена

Сподели преку :

На островот Кодијак на југот на Алјаска беше срушен температурен рекорд. Научниците предвидуваат дека климатските промени во регионот ќе предизвикаат опасни врнежи.

Алјаска доживеа невообичаено топла зима. Декември, кој нормално требаше да помине со силен студ и снег, помина со дневни температури над 15,5 степени и со поројни дождови.

Во островската заедница Кодијак, температурата на воздухот достигна 19,4 степени,  што е највисока декемвриска температура досега забележана на Алјаска, изјави научникот Рик Томан од Центарот за климатска проценка и политика на Алјаска.

Томан потсети дека претходните рекорди биле 18,3 степени на аеродромот Кодијак и 16,6 степени во заедницата на полуостровот Алјаска во Колд Бај.

Најсериозната последица за луѓето, рече Томан, се огромните врнежи од дожд кои се слеваат во внатрешноста на Алјаска.