Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Никој не го чува штипскиот Безистен – украдени автентичните оловни плочи од кровот

/

пред 1731 дена

Сподели преку :

По две години пауза крадци повторно го разграбуваат културното населедство. Украдени се  26 оловни плочи, кои се дел од автентичниот изглед на уметничката галерија Безистен, а во минатото објектов бил  затворен пазар. Серијата кражби на плочите, кои вредат најмалку  10.000 евра се случуваат деновиве, пред два дена на лице место фатен е еден крадец на возраст од 26 години.

Автентичните оловни плочи кои тежат од 40 до 50 килограми се продаваат кај откупувачи на стари метали, но  мора да се свесни за потеклото на овие предмети, бидејќи доколку полицијата ги најде кај нив и тие ќе заработат затворски казни. Спасот за заштита на овој споменик од национален интерес и кој е под заштита на државата е негово осветлување, ангажирање на чуварска служба и поставување на камери и алрмни уреди.

Штипскиот Безистен е изграден меѓу 16 и 17 век, од камен, а кровната конструкција од олово, која е автентична. Секоја плоча е рачно и специјално правена, а потоа поставувана на објектот. Затоа и замената на откорнатите плочи во должина од 40 до 50 метри оди бавно, но и е скапо за институциите. Плочите го штитат објектот од влага. Штипскиот Безистен со векови му пркоси на забот на времето, но очигледно е дека не може да се справи од дрските крадци.

Викторија Јованова