Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ниту еден локален жител во Дојран не се фрлаше за крстот во водите на Дојранското езеро

/

пред 1719 дена

Сподели преку :

Годинава во Дојран ниту еден локален жител не се фрлаше за крстот во водите на Дојранското езеро. Традицијата за Богојавление сепак се одржа. Учествуваа десетмина ракометари од ракометарниот клуб Куманово кои се тука на спортски подготовки. Најсреќен беше 21 годишниот Иван Димитров.

Дојранчани ги поздравија учесниците во традиционалното фрлање по крстот. За победникот свиреше и музика. Отец Ѓорги Сламков вели дека оваа традиција е посебна затоа што е поврзана со езерото.

Крстот се фрлаше на плажата Калдрма, на излезот од Нов Дојран.

Сузана Мицева