Во Собрание втор ден дебата за избор на Влада. Новиот владин кабинет што треба да биде изгласан до полноќ, за ВМРО-ДПМНЕ нема легитимитет бидејќи мандатарот Ковачевски не учестувал на избори.
СДСМ пак во контранапад прашува од каде тогаш Мицкоски црпеше легитимитет да стане мандатар а не беше ниту на пратенички листи?
Собраниската седница ја следи Јулијана Пешевска.











