Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новиот сој на коронавирусот откриен во Јужна Африка има висока вредност Р

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Новата варијанта на коронавирусот идентификувана во Јужна Африка е најзагрижувачката што сме ја виделе досега, изјави главниот медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, д-р Сузан Хопкинс.

Таа истакна дека вредноста Р во Гаутенг, каде што е пронајдена новата варијанта, сега е два, што е „навистина е прилично висока“.

Вредноста Р е просечниот број на инфицирани луѓе од едно заразено лице. Така, во Гаутенг, секој инфициран го пренесува вирусот на уште две лица.

– Не сме виделе такви нивоа на пренос уште од самиот почеток на пандемијата поради сите мерки за ублажување и чекори што ги презедовме. Значи, тоа би предизвикало голем проблем ако имате толку висок пренос со овој тип на вирус, во популација каде што може да ги избегне имунолошките одговори, посочи д-р Хопкинс.