Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ограничување на маржите останува, доколку е потребно ќе се воведат и за дополнителни продукти

/

пред 1687 дена

Сподели преку :

Ограничените маржи остануваат, се размислува и воведување на нови за продукти кои во меѓувреме поскапеле. Доколку цените почнат да паѓаат маржите ќе се намалат, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Се разгледува и дополнително субвенционирање на земјоделците. Нафта и нафтени деривати има доволно и кај дистрибутерите и во државните резерви. Бектеши потврди дека поскапување на цената ќе има но горивата во Македонија ќе имаат најниска цена во регионот. 

Одлуката за ограничување на маржите кај трговците останува, можно е да се воведат дополнителни маржи за продукти кои во меѓувреме поскапеле, а доколку има поефтинување можно е и да се укинат, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој соопшти дека се размислува и за дополнителни субвенции за земјоделците кои одгледуваат култури што се чуваат како стокови резерви и за таа цел веќе разговарал со министерот за финансии и ова прашање ќе се разгледува на седница на Влада во вторник.

Кога станува збор за горивата, Бектеши уверува дека залихи има доволно и кај големите дистрибутери и кај државата. Тој потврди дека поскапување на цените на горивата ќе има, без да прецизира колку и нагласи дека Македонија ќе има најниска цена на горива во регионот. Трговците кои се обидуваа да шпекулираат и да не продаваат чекајќи повисока цена ги нарече „воени профитери“.

Пазарната инспекција викендов е на терен, засилен со тимови од УЈП и Финансовата полиција, а се вршат контроли во дуќани, маркети и бензински пумпи. Бектеши соопшти дека го известиле оти рафтовите повторно се полнат и нема простор за грижа или паника.

Министерот Бектеши денеска беше во трговскиот центар „Ист Гејт“ за види како се применува одлуката за недела неработен ден и да разговара со вработените во продавниците околу денвниците и нивната исплата.

Огнен Чанчаревиќ