Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од денеска исплата на минимална плата од 18.000 денари

/

пред 1661 дена

Сподели преку :

Од денеска започнува исплатата на минималната плата од 18 000 денари за 80 илјади вработени од различни дејности. Минималецот, според последните законски измени е зголемен за 2 800 денари од претходниот, чија сума изнесуваше 15 200 денари.

Договорот беше постигнат по неколку состаноци на Економско-социјалниот совет односно по преговори меѓу Владата, Сојузот на синдикатите и Организацијата на работодавци.

Како што посочуваат од Владата, во договорот за раст на минималната плата е утврдена и методологија со која минималецот континуирано ќе расте.

Во меѓувреме, Конфедерацијата на слободни синдикати бара усогласување на минималната плата со останатите плати, а пред два дена излегоа на предупредувачки штрајк пред Владата и Собранието со цел изнаоѓање на договор. Доколку нивното барање за усогласување на платите со минималецот не биде исполнето, најави генерален штрајк.

И од СОНК бараат да се усогласи минималецот со останатите плати во образовниот сектор, но не постигнаа договор со Владата. Најавија генерален штрајк на 11-ти април кога градинките и училиштата нема да работат.