Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општините од Истокот ги добија првите покачени сметки за електрична енергија

/

пред 1710 дена

Сподели преку :

Општините почнаа да се соочуваат со високите сметки за струја, како резултат на енергетска криза. Општина Свети Николе за декември добила сметка за три и пол пати повисока во споредба со претходниот месец. Градоначалникот, Дејан Владев вели дека лани потрошиле три и пол милиони, а годинава во буџетот планирале десет милиони денари за струја. Но се поизвесно е дека ќе се прават ребаланси на буџетот. Смета дека без помош од државата општините тешко ќе се справат со оваа криза, а ќе има и помалку пари за капитални инвестиции.

Општините имаат право да го тужат добавувачот на електрична енергија, но голем дел од нив нема да се одлуќат на овој чекор, какошто е штипското комунално претпријатие, бидејќи, какошто вели штипскиот градоначалник, Иван Јорданов лани претходното раководство не платило шест сметки за струја. Иста сосостојба е и во малата рурална општина Карбинци каде комуналното претпријатие должи 17 милиони денари, а со нова цена тешко ќе може да се плати и тековната сметка и ратата за стартиот наследен долг. Зголемување на комуналните услуги нема да има.

Општините распишаа новите тендери за набавка на струја и се во исчекување. Од Владата  засега со став  дека не може да се мешаат во либерализираниот пазар на струја, но се прават разговори за заштитена цена за малите потрошувачи.

Викторија Јованова