На поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковки ќе му се суди за нелегална набавка на софтвер и перење пари.
Кривичниот суд го прифати обвинението, против седумина од кои тој е првообвинет и се очекува предметот да биде распледелен кај судија.
Случајот со набавката на софтверот од 81.000 евра, кој никогаш не бил ставен во употреба, беше обелоденет на почетокот на март. Но тој е овинет и дека спроведувал јавни набавки давајки насоки што упатувале на конкретен патент.
Така на четири фирми им овозможил да склучат договори и да се стекнат со корист од околу 30 илјади евра.
Во моментов тој е во домашен притвор, а вчера ДКСК објави нов скандал поврзан со него во кој за услуга за фирма како генерален секретар за сопругата издејствуал подарок автомобил.
Тој пак денеска реагира дека не се работи за скапо возило и побара ДКСК да каже како ја процени вредноста од 50 илјади евра, а како доказ понуди и фотографии