Полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода 18-годишниот А.В. од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз 13-годишна девојка од Кичево.
Настанот се случил на 03.01.2022 година, а веднаш за тоа пријава до полицијата поднел еден од родителите на девојчето.
На сторителот му е одредена мерка 30-дневен притвор, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор- Битола за издржување на мерката.











