Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пациенти со симптоми на корона вирусот не се појавуваат на закажаните тестирања

/

пред 2217 дена

Сподели преку :

Пациенти од делчевскиот регион со симптоми на коронавирус одбиваат да ги посочат контактите и да  се тестираат и тоа на закажани термини со упат од матичен лекар. Делчевските здравствени работници се револтирани, од ваквиот однос на пациенти, па оттаму најавуваат дека  ќе почнат да ги пријавуваат во обвинителството, за што следат и казни, поради загрозување на колективното здравје. Директорката на Здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска за Телма вели дека граѓаните не ги почитуваат мерките, а имаат и случаи кои се кријат, оправдание за болеста или бронхопневмонијата им се испени три ладни пива или капење со ладна вода, па на крајот со тешки симптоми и здравствена состојба завршуваат во болница. Кластери во овој регион веќе нема.

Деновиве покрај тоа што се зголемува бројот на новозаразени се зголемува и бројот на граѓани кои се тестираат преку Центарот за јавно здравје, но и во приватните клиники, едните се по појавени симптоми, а други се иселенеци на кои на граница им се потребни тестови, за да се вратат во земјите каде што работат. Во соседна Македонска Каменица, каде што дневно се регистрираат по неколку случаи, состојбата е подобра, бидејќи таму граѓаните се подисциплинирани и ги почитуваат мерките.

Викторија Јованова