Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пентагон тврди дека Русија планира лажен украински напад во Донбас како изговор за инвазија

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Русија планира да создаде ситуација која би послужила како изговор за инвазија на Украина, преку лажно обвинение против Украинската војска за напад врз проруските сепаратисти во регионот на Доњецк или против суверената руска територија, тврдат американски официјални претставници.

Пентагон се повикува на разузнавачки податоци според кои русите ќе прикажеле наводни цивилни жртви во регионот на Донбас за да создадат негативни реакции против властите во Киев.Американците тврдат дека таквите снимки, со актери кои би играле жртви убиени во наводните украински напади и со слики на лажни уништувања, би послужиле како изговор за напад врз Украина.

Според наводните американски разузнавачки информации, ваквиот план бил одобрен од највисокото ниво на руската власт.

Сепак, САД тврдат дека ова била само една од опциите кои Русија ги разгледува за иницирање судири во Украина и тие ја објавуваат јавно во обид да ги обесхрабат властите во Москва, против ваквиот план.

Официјална Москва постојано повторува дека нема никакви планови за напад врз Украина, обвинувајќи ги САД дека сакаат да предизвикаат воен судир во регионот.