Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петков пристигна во Скопје

/

пред 1720 дена

Сподели преку :

Со церемонијален пречек пред Владата и со високи државни и воени почести започна официјалната посета на државава на бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков.

Бугарската делегација ја пречекаа премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Петков е придружуван од Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија и бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев.

На аеродромот во Скопје владината делегација на Република Бугарија беше пречекана од министерот за надворешни работи Бујар Османи.