Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петровски: Тоа што Заев формира влада треба да му се заблагодари на Мицскоски

/

пред 2226 дена

Сподели преку :

Членовите на Иницијативниот одбор, кои јавно побараа оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се соочуваат со вербалното и физичко, политички мотивирано насилство. Писмо со ваква содржина им испратиле од Иницијативата за свикување вонреден Конгрес на ВМРО ДПМНЕ до Делегација на ЕУ во Скопје и дипломатските претставништва во Скопје. Во писмото ги информирале и за заканите и говорот на омраза со кои се соочила поранешната пратеничка и поддржувач на идејата за вонреден конгрес, Весна Дамчевска Илиевска.  Оценуваа дека со вчерашната  изјава од партијата, раководството предводено од Мицкоски не само што не се огради, туку индиректно мотивирао политичко насилство со испраќање порака до насилниците дека партијата стои зад нив, пишуваат од Иницијативниот одбор. Со изјава за медиумите пред  Собранието,  излезе и членот на иницијативата Филип Петровски. Тоа што денеска Заев по втор пат формира влада , најголема благодарност му должи на Хриситјан Мицковски. ВМРО – ДПМНЕ на чело со Мицкоски промаши празен гол на овие избори – порача Петровски.