Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата го откри и приведе напаѓачот кој во гостиварско со секира им се заканувал на медиумски работници

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

Закани со секира, навреди и физички напад пријавила новинарска екипа на Регионалната телевизија Полог. Според сведоштвото на новинарот Невриј Адеми, вчера додека снимале прилог во основното училиште во селото Ѓурџевиште, општина Врапчиште, едно лице најпрво вербално, а потоа и физички ги нападнал, по што тие се упатиле кон автомобилот и возеле до најблиската полициска станица.

Полицијата вчера го лишила од слобода напаѓачот, разговорано е со него и е пуштен, а во координација со јавен обвинител ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Новинарот Адеми порачува Обвинителството да преземе соодветни мерки за да не се повторуваат вакви случаи.

За овој случај преку соопштение се огласија од Здружението на новинари на Македонија, поздравувајќи ја брзата реакција на МВР за приведување на напаѓачот, при што порачаа дека заштитата на новинарите и нивната безбедност е предуслов за информирање на граѓаните, посебно во мали средини, со цел да постои поголема присутност на теми кои се од локален јавен интерес.

Нападот најостро го осудија и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со порака дека навремената и соодветна реакција на надлежните институции е клучна во разрешувањето на случајот и за превенција на вакви и слични појави во иднина.

Данијела Билбилоска