Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гимназијата и економското училиште во Битола наставата ја започнаа онлајн

/

пред 1706 дена

Сподели преку :

Две битолски средни училишта, како што велат, оправдано, второто полугодие го почнаа со онлајн настава, додека останатите средни и основни училишта наставниот процес го продолжуваат со физичко присуство.

Наставата од дома ќе ја реализираат учениците и наставниците од средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“ каде во завршна фаза е голем реконструктивен зафат на гимназијата, како и во средното економско училиште „Јане Сандански“ каде се врши обнова на фасадата и дограмата.

Второто полугодите во останатите основни и средни училишта, како и во државното средно музичко училиште утрово во Битола почна без пречки во наставниот процес и со почитување на мерките за ковид-заштита.