Најславниот Џејмс Бонд, шкотскиот актер Шон Конери почина на 90-годишна возраст. Неговото семејство јави дека починал во сон, во својот дом на Бахамите. Сепак, велат дека веќе извесно време не се чусвтвувал добро. За многумина, Конери беше дефинитивно Џејмс Бонд, агентот 007. Начинот на кој ја толкуваше улогата ги натера продуцентите да го ангажираат седум пати. Неговата актерска кариера траеше со децении, а меѓу бројните награди беа и Оскарот, две Бафта награди и три Златни Глобуса. Во 2000-та година, од англиската кралица ја доби и титулата Витез за неговиот придонес во англиското општество.











