Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По примерот на камионџиите од Канада, протести и во Франција

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Во Франција организираа Конвој на слободата по примерот на протестите на возачите на камиони во Канада. Возачи на камиони се собраа во неколку градови и се упатија кон Париз.

Многумина од нив вееја канадски знамиња. Нивниот план е да протестираат во главниот град против потврдите за вакцинација и забраните за неимунизирани лица да посетуваат одредени јавни места.

Конвојот потоа треба да продолжи кон Брисел на протести пред европските институции.

Од Ница заминаа околу 200 возачи. Неколку стотици се собраа и во близина на шпанската граница во градот Перпињан.