Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжување на кризната состојба за греење во Скопје

/

пред 1691 дена

Сподели преку :

До крајот на грејната сезона, жителите на Скопје ќе продолжат да добиваат топлинска енергија преку БЕГ со кој привремено управува ЕСМ.

Владата предлага продолжување на кризната состојба со одлука која уште утре треба да влезе во сила. ВМРО ДПМНЕ смета дека со воведувањето кризна состојба се губи транспарентноста во трошењето на парите и потсетува дека имаме уште три кризни состојби: поради мигрантите, поради ковидот и поради енергетскиот дисбаланс.

Истовремено, СДСМ ја пофали Владата што овозможи непречено греење на домаќинствата.

Во дневниот ред не влегоа неколку точки предложени од ВМРО ДПМНЕ: за зголемување на пензиите, за Декларацијата за Гоце Делчев, но и за платите на наставниците.

Одлуката за продолжување на кризната состојба треба да стартува од утре. Неизвесно е дали Собранието денеска ќе стигне до гласање, ако се има предвид дека за дискусија се пријавени 30-тина пратеници.

Соња Николовска