Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

/

пред 1745 дена

Сподели преку :

Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот  повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга.

Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани.

– Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец.

– Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави Димоски.