Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Радев во разговор со Вархеји: Бугарија очекува дијалогот со Северна Македонија да води до конкретни резултати

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го изразил очекувањето на Софија дијалогот со Северна Македонија да доведе до конкретни резултати, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев истакнал дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Северна Македонија.

Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Како главен акцент во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство во С Македонија.